Достапни линкови

Турчинов: Нема да помине кримското сценарио за источна Украина


Сепаратистичките акции во источна Украина се втората фаза од специјалните операции на Русија, чија цел е поделба на Украина, изјави денеска привремениот украински претседател Олександер Турчинов. Во телевизиско обраќање до нацијата, Турчинов истакна дека случувањата во Харкив, Доњецк и Луханск, покажуваат дека непријателите на Украина играат според кримското сценарио, но оти тоа нема да им помине. Предупредувајки дека некои сепаратисти се вооружени, Турчинов изјави дека ќе бидат превземени анти-терористички мерки против оние што имаат оружје.
XS
SM
MD
LG