Достапни линкови

Путин наредил зајакнување на готовноста на безбедносните служби


Рускиот претседател Владимир Путин и наредил на Федералната служба за безбедност да биде во состојба на готовност поради опасност од напади на милитанти, оценувајки дека Русија не смее да дозволи невладини организации да бидат искористени за деструктивни цели, како во Украина. Путин денеска се состана со првите луѓе на службата, при што ги предупредил на опасноста од внатрешни поткопувања, помогнати од Западот, по случувањата во Украина. Путин оценил и дека по повлекувањето на странските сили од Авганистан во оваа година, на руските сојузници во централна Азија можеби ќе им биде потребна помош за спречување на дестабилизацијата во регионот.
XS
SM
MD
LG