Достапни линкови

logo-print

Про-руските активисти во Доњецк прогласија сувереност


Доњецк, 07.04.2014

Доњецк, 07.04.2014

Про-руски активисти, кои ја окупираа регионалната административна зграда во Доњецк, прогласија суверена “Народна република Доњецк”, и побараа од рускиот претседател Владимир Путин да испрати контингент привремени мировни сили. Активистите ова го соопштија окупираниот владин објект, пред неколкуте илјади насобрани. Исто така беше објавено дека најдоцна до 11-ти мај треба да биде одржан референдум за иднината на тој регион. Претходно, украинскиот премиер Арсениј Јацењук изјави дека протестите во источна Украина, каде што про-руски активисти завземаат јавни установи во три града, вклучувајки го и Доњецк, се дел од планот на Русија за дестабилизирање на Украина и за упад на руските сили.
XS
SM
MD
LG