Достапни линкови

logo-print

Партијата на Орбан убедлив победник на изборите во Унгарија


Унгарскиот премиер Виктор Орбан прогласи победа на вчерашните парламентарни избори. Обраќајки се пред подржувачите на неговата партија во Будимпешта, Орбан изјави дека резултатите се потврда на политиките на неговата влада за отворање работни места, подршка на семејствата и битката за националниот суверенитет. Партијата на Орбан освоила 44 отсто од гласовите, или 133 места во парламентот од вкупно 199. Европската Унија често го критикува Орбан за назадување на демократијата во Унгарија, но за многумина унгарци тој е заштитник на националните интереси.
XS
SM
MD
LG