Достапни линкови

Најкоментирана (не)зависноста на кандидатите


Текстовите посветени на претседателската кампања и интервјуата со дел од кандидатите за претседател предизвикале најмногу коментари на наштата интерент страница.

Вредноста на нашата веб-страница, почитувани е во слободата на искажаниот збор, можноста секој нејзин посетител да го искаже своето мислење, да се развие своевидна дебата меѓу испраќачите на пораки, најчесто без лични навреди и плукања.
На Иванов му треба напишано суфлирано, па и на тоа грешава, вели, зад него стои армија од медиуми и министри и само тоа па тоа, ама Пендаровски не чита, не бара поддршка, нема медиуми, ама има нешто многу јако-гордоста и народот зад него.


Во екот сме на предизборната кампања за претседателските и за предвремените парламентарни избори, па и вашите коментари се на таа тема: Текстовите за тоа дека Пендаровски трча сам против „гардата“ на Иванов и дека власта ги одбегнува ТВ дуелите предизвикале повеќе различни коментари од вас. Игор од Прилеп напишал дека дека на Иванов му треба напишано суфлирано, па и на тоа грешава, вели, зад него стои армија од медиуми и министри и само тоа па тоа, ама Пендаровски не чита, не бара поддршка, нема медиуми, ама има нешто многу јако-гордоста и народот зад него.

Владо од Скопје, меѓутоа, смета дека темата е провокативна и покрај тоа што вода не држи. Добиените „интервјуа“ од политичките аналитичари биле производ на желби, а не на фактичката состојба, а Исмет Рамадани не бил валиден да коментира затоа што бил премногу партиски обоен.
Пендаровски не е независен кандидат, оти ако бил таков ќе соберел 10.000 потписи и немало да биде кандидиран од СДСМ.


Кабадахија се согласува со коментарот на Пиле дека Пендаровски треба да настапи храбро со визија за иднината на земјата, а иднината, вели, е само брз влез во НАТО со решение за спорот за името. Ако Стево изгуби со вакви предлози, барем ќе изгуби храбро и со визија, пишува Кабадахија.​

Но Ристо, Сотир и Димче од Струга не веруваат дека Пендаровски е независен кандидат, оти ако бил таков ќе соберел 10.000 потписи и немало да биде кандидиран од СДСМ. Јове од Битола смета дека немало потреба од ТВ дебати, Стево и Иванов одат во втор круг, пишува, Груевски се договара со ДУИ, Албанците гласаат за Иванов и готово.

Во Македонија секогаш Албанците одлучуваат кој ќе биде претседател, мисли Јове. Гордана од Скопје сака да види ТВ дуел на кандидатите, да ги слушне одоговорите на поставените прашања или на обвинувањата од опонентите, непосредно, без претходно напишан текст... Бургија смета дека неодењето на дуел значи арогантност, самобендисаност, покажување моќ, некултура и непочитување на народот. По неделното интервју со Пендаровски, Бобо од Куманово напишал дека има многу симпатии за Стево, иако не се согласувал многу со неговите, во наводници, „независни“ анализи, ама дека немало што да бара на овие избори и дури мисли дека ќе имал послаб резултат од Фрчковски.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG