Достапни линкови

Парламентарната кампања поостра од претседателската


Аналитичарите очекуваат кампањата за парламентарните избори да е поостра од онаа за претседателските и да се заострува како ќе се наближува денот на изборите.

Вработувања, повисоки плати, пензии, социјална помош, повеќе субвенции, странски инвестиции, гасификација, се само дел од над 2.000 проекти од програмата „Проверено“, со кои ВМРО-ДПМНЕ очекува нова победа на изборите. Тие ја бараат довербата од граѓаните потпирајќи се на сработеното во изминатите години, со слоганот„ Има разлика – ти знаеш да препознаеш.“
Клучните луѓе на СДСМ избегаа од листите, за да побегнат од одговорноста од изборниот пораз, за да кажат па јас не бев носител, ама џабе.


СДСМ пак нуди „Промени за нов почеток“ чие мото е„Да ја вратиме средната класа“. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев изјави дека програмата се темели на три столба, „Да ја вратиме средната класа“, „Сакаме слобода“ и „Инвестираме во иднината“. Според Заев , новиот, реорганизиран и обединет СДСМ, има енергија, идеи и тим да ги спроведе промените. Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.



За разлика од кампањата за претседателските избори, која поминува во позитивна атмосфера, без многу навреди меѓу опоненти, кампањата за предвремените парламентарни започна малку поостро.
Тоа што сакаа да ни ја украдат Македонија, на овие избори- ќе го спречиме. Има се да му вратат на народот што му украдоа.


„Клучните луѓе на СДСМ избегаа од листите, за да побегнат од одговорноста од изборниот пораз, за да кажат па јас не бев носител, ама џабе“, рече Груевски на минигот во Тетово.

Лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев, на митинг во Скопје порача дека нема повеќе да дозволат поттиснувања и уништување на земјата од страна на власта. Митинг на СДСМ во Скопје.

Митинг на СДСМ во Скопје.



„Тоа што сакаа да ни ја украдат Македонија, на овие избори- ќе го спречиме. Не само што нема да го дозволиме – туку ви ветувам од ова место, ќе вратат сè што изнесоа од Македонија по Панама, Швајцарија, Чешка и каде уште не! Има се да му вратат на народот што му украдоа. Нашата цел не е само да ја урнеме недемократската власт на Никола Груевски, туку да ја оправдаме довербата од граѓаните што ја чувствуваме“, рече Заев на митингот во Скопје.
Мислам дека вистинскиот тек на кампањата ќе го доживееме тогаш кога ќе се вклучат и партиските штабови, односно кога ќе почне и парламентарната кампања заедно со претседателската“, вели


Аналитичарите очекуваа кампањата за парламентарните избори да е поостра од онаа за претседателските и да огрубнува како ќе се наближува денот на изборите.

„Мислам дека вистинскиот тек на кампањата ќе го доживееме тогаш кога ќе се вклучат и партиските штабови, односно кога ќе почне и парламентарната кампања заедно со претседателската“, вели Петар Арсовски.

Дека економијата ќе биде водечка во кампањата за парламентарните навестија и кандидатите за претседател. Иако тоа не спаѓа во нивните ингеренции и тие веднаш се зафатија со разрешување на горливите економски прашања, а парламентарната кампања само го продолжи тоа, вели Сашо Клековски.
Економските теми ќе бидат вечни теми, само се надевам дека после извесен број на години ќе бидат пософистицирани.


„Економските теми ќе бидат вечни теми, само се надевам дека после извесен број на години ќе бидат пософистицирани, како колку данок ќе плаќаме, кои мерки ќе се преземат за одделни целни групи. Многу брзо кандидатите излегоа од предметот на надлежности и влегоа во економски аспект. Претпоставувам дека на граѓаните економските перспективи им се толку или можеби уште поважни.

Со стартот на кампањата за парламентарните избори, претседателската ќе падне во сенка, вели Клековски.

„Мое очекување е дека ќе паднат во сенка, бидејќи мобилизацијата на парламентарните избори е многу поголема, отколку за претседателските, има многу повеќе засегнати страни, многу повеќе засегнати подрачја за дебата и тие неминовно ќе влезат во сенка. “

Кампањата за предвремените парламентарни избори започна на 5 април. На 12 и 13 април, поради првиот круг од претседателските избори, кампањата за предвремените парламентарни ќе биде прекината, според одлуката на Државната изборна комисија.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG