Достапни линкови

Можни нови траги за исчезнатиот авион


Австралиски брод во потрага по исчезнатиот авион.

Австралиски брод во потрага по исчезнатиот авион.

Австралиските власти кои ја надгледуваат потрагата по исчезнатиот авион на Малезија ерлајнс, соопштија дека австралиски воен брод регистрирал подводни звуци кои се во согласност со преноси од црната кутија на авионот.

Ангус Хјустон, кој ја надгледува потрагата, оцени дека тоа е „многу охрабрувачки.“ Но, тој сепак изјави дека може да потрае неколку денови за да се потврди дали сигналите до кои дошол броодт се навистина од црните кутии од исчезнатиот авион. Авионот со 239 патници исчезна 8 март за време на летот од Куала Лумпур до Пекинг.
XS
SM
MD
LG