Достапни линкови

Про-руските демонстранти упаднаа во владините згради во источна Украина


Доњецк, 6 април 2014.

Доњецк, 6 април 2014.

Про-руските демонстранти упаднаа во владините згради во три големи градови во источна Украина. Неколку десетици демонстранти вчера ги пробија полициските кордони и влегоа во зградата на регионалната управа во Харков. Полицијата не употерби сила против демонстрантите, кои го развеаја руското знаме на зградата.

Претходно, про-руските активисти ги зазедоа зградата на регионалната администрација во Доњецк и упаднаа во канцелариите на државната безбедност во Луханск. Дел од демонстрантите бараат референдум како оној што се одржа во украинскиот регион Крим кој минатиот месец беше анексиран од Русија.

В.д. претседателот на Украина, Олександр Турчинов, ја откажа посетата на Литванија планирана за денеска за да се справува со немирите. Украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков го обвини рускиот претседател Владимир Путин и соборениот украински претседател Виктор Јанукович дека „нарачуваат и плаќаат сепаратистички немири“ во источниот дел на земјата.
XS
SM
MD
LG