Достапни линкови

Партијата на Орбан прогласи победа на изборите во Унгарија


Унгарскиот премиер Виктор Орбан синоќа прогласи победа на неговата конзервативна партија Фидеш на вчерашните парламентарни избори. Зборувајќи пред неговите поддржувачи во Будимпешта, Орбан рече дека изборниот резултат е потврда за политиките на неговата влада за отворање работни места, поддршка на семејствата и борба за национален суверенитет.

По преброени околу 96 отсто од гласачките ливчиња, Фидеш е на пат да освои двотретинско мнозинство, односно 133 места во 199-члениот унгарски парламент, со што ќе може да го смени Уставот. Опозициската коалиција предводена од социјалистите ќе освои 38 пратеници, додека крајно-десничарската партија Јобик, која често се обвинува за антисемитизам, веројатно ќе освои 23 места во Парламентот.

Орбан постојано е во судир со ЕУ и странските инвеститори поради неговите контроверзни политики. Сепак, многумина од Унгарците во 50-годишниот поранешен анти-комунистички дисидент гледаат лидер во зачувувањето на националните интереси. Фидеш освои две третини од местата во Парламентот кога Орбан дојде на власт на изборите во 2010 година. Неговите критичари велат дека тој ја искористил силната поддршка за намалување на граѓанските слободи и слободата на медиуми, но владата ги отфрла овие обвинувања.
XS
SM
MD
LG