Достапни линкови

Бан Ки Мун им честита на авганистанските гласачи


Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, им честита на Авганистанците што гласаа на претседателските избори на 5 март. Во пораката испратена преку неговиот портпарол, Бан оценува дека изборите биле историски и оти се важен чекор во првата демократска промена на власта во земјата.

Тој рече дека гласачите, кои биле заплашувани и трпеле закани, „испратиле силна порака дека насилниците не може да победат“.

На изборите излегоа околу 7 од 12-те милиони регистрирани избирачи, и покрај обидите на талибанците да го спречат гласањето. Првичните резултати од првиот круг се очекуваат на 24 април, а конечните резултати ќе бидат соопштени на 14 мај. Ако ниту еден од кандидатите не освои повеќе о 50 отсто од гласовите, вториот круг, во кој влегуваат двајцата кандидати со најмногу освоени гласови, ќе се одржи на 28 мај.
XS
SM
MD
LG