Достапни линкови

Мизо-компанијата Диатек ќе инвестира во Македонија


Виктор Мизо, директор на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони.

Виктор Мизо, директор на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони.

Директорот на ТИРЗ Виктор Мизо најави денеска дека италијанската компанија во индустријата за дигитално печатење Диатек одлучила да инвестира во Македонија. Вредноста на инвестицијата, според него е над 10 милиони евра, при што ќе се вработат околу 200 лица.
Мизо прецизира дека договорите со компанијата ќе се потпишат по завршувањето на изборите. Новиот погон во Македонија, потенцира, ќе значи проширување на нивниот бизнис и поголема конкурентност за пазарите во регионот.
XS
SM
MD
LG