Достапни линкови

Српската влада ќе се формира на крајот од месецот


Лидерот на Српската напредна партија Александар Вучиќ

Лидерот на Српската напредна партија Александар Вучиќ

Лидерот на Српската напредна партија Александар Вучиќ, кој победи на предвремените парламентарни избори најави дека новата српска влада ќе биде формирана на 24 или 25 април и ќе има најмногу 19 членови. Според него, од утре ќе почнат разговори со парламентарните партии за состав на нова влада.
Вучиќ најави дека главен предизвик на идната влада ќе биде спроведување на структурни реформи, драматични економски потези во јавниот сектор и агресивно зајакнување на приватниот сектор.
На изборите на 16 март, СНС освои 48,34 проценти од гласовите, што и обезбеди 158 пратенички места од 250-члениот Парламент.
XS
SM
MD
LG