Достапни линкови

Ослободени 13 талибанци во Пакистан


Пакистанските власти соопштија дека ќе ослободат 13 талибанци како знак на добра волја за да придонесат во мировните преговори со милитантите. Говорејќи пред новинарите, министерот за внатрешни работи Чаундри Нисар али Кан по средбата со талибанците и мировниот комитет изјави дека се надева оти тие ќе го ценат тоа. Според него, до наредната недела кога следната рунда преговори ќе се одржи ќе бидат ослободени 30 затвореници.
XS
SM
MD
LG