Достапни линкови

ЕУ е за продолжување на дијалогот со Русија за Украина


Шефот за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон

Министрите за надворешни работи на ЕУ се заложија за продолжување на дијалогот со Русија за намалување на тензиите по преземањето на украински Крим од страна на Москва. Но, министрите уште еднаш предупредија дека ЕУ мора да биде подготвена за спроведување санкции врз Русија, доколку и натаму претставува закана за регионот.
Говорејќи денеска на неформалниот состанок во Атина, шефот за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон изјави дека Унијата ќе продолжи да се консултира со Русија додека блокот се подготвува да потпише трговски и политички договор со поранешните советски републики Молдавија и Грузија во јуни.
XS
SM
MD
LG