Достапни линкови

Пар осуден на смртна казна за богохулење во Пакистан


Суд во Пакистан

Суд во Пакистан

Во Пакистан една христијанска двојка е осудена на смртна казна за богохулење. Двојката беше уапсена во јули минатата година откако еден имам наведе дека му пратиле порака која тој смета дека била навредлива кон пророкот Мухамед. Според адвокатот на одбраната, двојката негирала дека била одговорна за пораката и дека текстот бил испишан од телефон кој тие го загубиле пред да се случи инцидентот. Пакистан има екстремно строги закони за навреда на исламот.
XS
SM
MD
LG