Достапни линкови

ДИК ги констатираше гласачите во Тирана


Државната изборна комисија согласно решенијата на Управниот суд, ќе впише 524 македонски државјани во посебниот Избирачки список за Тирана за гласањето за предвремените парламентарни избори закажани за 27 април. ДИК на затворена седница во неделата ги одби барањата на 639 лица пријавени за гласање во Тирана, со образложение дека немале целосна документација, кое подоцна беше објавено на нивната веб-страна.
Членот на ДИК Влатко Сајковски изјави дека прегледот покажува дека биле во право тие што биле за запишување на овие лица во единствениот избирачки список во Тирана. Според него, станува збор за луѓе кои имале уредно доставено своја документација.
Потпретседателот на ДИК Субхи Јакупи смета дека судиите од Управниот суд кои ги донеле овие решенија треба да бидат дадени пред Судскиот совет и се иззема од констатирањето на решенијата на судот. Според него, лицата што поднеле пријава за гласање во документите немале впишано улица, број и општина во Македонија.
XS
SM
MD
LG