Достапни линкови

logo-print

Јутјуб и натаму блокиран во Турција


Турскиот суд денеска одлучи дека пристапот до „ЈуТјуб“ во земјата ќе остане блокиран, иако вчера беше донесена одлука за повлекување на забраната со образложение дека со неа се кршат човековите права и слободи.
Сепак, турскиот весник „Хуриет“ јави дека судот подоцна ја промени одлуката соопштувајќи дека забраната останува во сила се додека од страницата не биде симната аудио снимката на која наводно турски безбедносни претставници разговарааат за Сирија. Уставниот суд претходно ја симна забраната на Твитер, воведена од турските власти на 20 март.
XS
SM
MD
LG