Достапни линкови

logo-print

Газпром бара над 11 милијарди долари од Украина


Гасоводот на Газпром во Украина

Гасоводот на Газпром во Украина

Рускиот гигант Газпром соопшти дека Украина мора да му врати 11,4 милијарди долари кои земјата ги заштедила како резултат на попустот кој го добивала благодарение на договорот кој Москва неодамна го укина. Директорот на Газпром, Алексеј Милер изјави дека според условите од договорот потпишан во 2009 година Украина била во можност во последните четири години да добива руски гас по намалени цени. Според него, попустот бил поради употребата на пристаништето Севастопол до 2017 година, што било дел од договорот.
XS
SM
MD
LG