Достапни линкови

Авганистанците гласаа за подобра иднина


Редица на гласачи во Авганистан

Редица на гласачи во Авганистан

Авганистанците гласаа за избор на претседател со што треба да се одбележи првиот демократски трансфер на власта во историјата на земјата.

Авганистанците во саботата гласаа за избор на претседател со што треба да се одбележи првиот демократски трансфер на власта во историјата на земјата. Во Кабул и на други места, според извештаите, гласачите се наредени пред гласачките центри од раните утрински часови и покрај силното обезбедување.

Еден гласач од главниот град,за Ројтерс изјави, дека граѓаните како него сакаат промени во политичкиот систем на земјата.
Денес, ние сме дојдени да гласаме и да учествуваат во политичкиот процес преку кој, со божја помош, ќе се стави крај на корумпиран систем. Народот на Авганистан е заинтересиран да гласа.


„Денес, ние сме дојдени да гласаме и да учествуваат во политичкиот процес преку кој, со божја помош, ќе се стави крај на корумпиран систем. Народот на Авганистан е заинтересиран да гласа. Јас лично сум желен да гласам за промени.“
Како и во првиот круг од претседателските избори, граѓаните го дадоа својот глас за покраинските совети.

По гласањето на избирачкото место во близина на претседателската палата, претседател Хамид Карзаи рече: „Денес е важен ден за нашата иднина, за иднината на нашата земја.“

„Апелирам до авганистанската нација да оди на гласачките места и покрај дождот, ладното време и заканите од непријателите со што Авганистан ќе биде на уште еден чекор кон успехот ", изјави Карзаи.

Tројца кандидати се очекува да доминираат во трката за наследник на Хамид Карзаи, кој владеше 12 години и на кој според Устваот му е забрането да бара трет мандат. Фаворити се поранешниот министер за финансии Ашраф Гани и двајца поранешни министри за надворешни работи, Абдула Абдула и Залмаи Расул.

Гани зборуваше со новинарите , откако тој дадат својот глас.

„Народот на Авганистан даде јасна порака до непријателите на оваа земја со учество на изборите. Значи ни заканите, ни ризиците, може да ги запрат нашите намери.“

Абдула пак порача:

„Се надевам дека народот на Авганистан го даде својот глас за нивните кандидати на еден мирен начин. Денешниот настан може да биде почеток на демократскиот процес во историјата на Авганистан и еден чекор напред кон подобра иднина.“

Властите соопштија повеќе од 350.000 војници биле распоредени за да се спречат Талибанците кои ветија дека ќе ги нарушат изборите. Авганистан има 12 милиони гласачи. Околу 200.000 авганистански набљудувачи се очекува да го следат гласањето. Најмалку 10 проценти од околу 6.000 избирачки места и помали избирачки места се очекува да бидат затворени поради безбедносни закани. Прелиминарните резултати од првиот круг се очекуваат на 24 –ти, а конечниот резултат на 14 мај, околу шест недели по денот на гласањето.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG