Достапни линкови

САД му дозволија на Боинг да продава делови на Иран


Боинг соопшти дека добил лиценца од страна на американското министерство за финансии да извезува резервни делови за комерцијални авиони на Иран. Лиценцата, според компанијата ја гарантира безбедноста на летовите.
Вчера од Џенерал Електрикс соопштија дека добиле дозвола од САД за ремонт на 18 мотори кои биле продадени на Иран во седумдесетите години на минатиот век. Тоа воедно претставува првиот договор меѓу американските компании и Иран од исламската револуција во 1979 година.
XS
SM
MD
LG