Достапни линкови

logo-print

ДУИ: На Македонија и е потребен НАТО денес


Последните случувањa во Крим и изјавите на високите функционери на НАТО за засилување на оваа организација, се јасни пораки по која насока треба да се движи нашата држава. На Македонија и е потребен НАТО денес и во овој момент оти нема посигурен покрив отколку зачленувањето во НАТО и ЕУ, изјави Бујар Османи, портпаролот на ДУИ на денешната прес-конференција.
Украина е добар пример околу тоа колку е ризично една мултиетничка држава да биде надвор од чадорот на НАТО и поддршката на ЕУ. ДУИ смета дека Република Македонија ги воспоставила темелите на една мултиетничка држава, но и недостига покривот на оваа заедничка куќа за да има сигурна иднина и стабилна перспектива, вели Османи.
Тој додаде дека барањето на ДУИ за предвремени парламентарни избори имало цел да побара идеи и алтернативи кои ќе им се нудат на граѓаните за отворање на интегративните процеси, а идејата за консензуален претседател е со примарна цел унифицирање на двете поголеми заедници во РМ во правец на изнаоѓање на заедничкиот пат за овие процеси. Воедно упати апел таа идеја да биде сериозно разгледана
XS
SM
MD
LG