Достапни линкови

ЕУ: Не е време за дополнителни санкции против Русија


Министрите за надворешни работи на Европската Унија, на денешната средба во Атина, оценија дека Унијата треба да биде подготвена за воведување нови санкции против Русија поради анексијата на Крим, но оти сега не е време за тоа. Британскиот министер Вилијам Хејг изјави дека Европа не смее да се опушта, бидејки, според него, ситуацијата и натаму е многу опасна, со оглед на фактот што Русија сеуште има илјадници војници на границата со Украина. И другите министри сметаат дека ситуацијата сеуште е тезична, но оти не е време за дополнителни санкции против Русија.
XS
SM
MD
LG