Достапни линкови

Шојгу тврди дека 8.000 украински војници останале на Крим


Сергеј Шојгу

Сергеј Шојгу

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, изјави денеска дека околу 8 илјади украински војници решиле да останат на Крим и да и се приклучат на руската армија, а 3 илјади од нив веќе биле распоредени на нови задачи. Тој ги оцени како провокација изјавите на некои претставници на Киев дека украинските војници биле малтретирани од руските сили. Шојгу додаде дека Русија и ги испраќа на Украина оружјето и опремата што им останала на Крим, но не прецизира што ќе се случува со десетиците украински воени бродови завземени од руските сили при превземањето на Крим.
XS
SM
MD
LG