Достапни линкови

Јанкуловска: Предизборниот период се одвива мирно


Оперативниот штаб на МВР за изборите е целосно во функција и досега постапуваше по однос на сите активности поврзани со претседателските избори, изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, по денешниот состанок во Оперативниот штаб во пресрет на утрешниот почеток на кампањата за предвремените парламентарни избори.
Овој предизборен период, според проценката на МВР, се одвива мирно, кампањата тече во фер и демократска атмосфера.
- Од утре преминуваме на поинаков начин на организација бидејќи парламентарните избори значат дополнителен обем за работа на МВР. За да се покрие целата територија на Република Македонија на еднаков начин, целокупниот состав на МВР ќе биде ставен во функција за мирно одржување на изборите, рече Јанкулоска.
XS
SM
MD
LG