Достапни линкови

Зачленувањето на Македонија во НАТО изминатите две децении е стратешка цел за која постои општествен консензус, изјави министерот за одбрана Талат Џафери на денот на Алијансата.

Убеден сум дека во септември на Самитот на НАТО во Велика Британија земјите членки високо на агендата ќе го стават и прашањето на проширување, порача министерот за одбрана Талат Џафери по повод денот на Алијансата, кој се одбележа во домот на АРМ во Скопје. Според него, земјите на членството во НАТО гледаат како на цивилизациска придобивка, бидејќи во тоа се вклучуваат во семјеството на безбедни и стабилни држави. Тој порача дека во изминатите две децении стратешка цел за која постои општествен консензус е зачленувањето на Македонија во НАТО.
Република Македонија ги споделува и ги промовираат истите вредности и интереси со земјите членки на Алијансата.


„Република Македонија ги споделува и ги промовираат истите вредности и интереси со земјите членки на Алијансата. На членството во НАТО се гледа како на суштински предуслов за спроведување на безбедноста и стабилноста што позитивно ќе влијае и врз деловната клима, економскиот раст и развој и благосостојбата на нашите граѓани.

Џафери смета дека тоа е заедничка обврска на сите политички партии и граѓани, а резултатите од посветеноста на Македонија се признати од Алијансата.
Јас на сите претходни настани и на овој гледам ентузијазам и посветеност на идејата на НАТО.


„Но тука не застаневме, ние продолживме со реформите во сите области, посебно во одбраната.“

Шефот на канцеларијата на НАТО во земјава, полковникот Александар Александров вели дека Македонија активно се залага и е посветена за остварување на целта.

„Јас на сите претходни настани и на овој гледам ентузијазам и посветеност на идејата на НАТО. Потенцијалот на земјите членки на НАТО е огромен во однос на воените можности, економските капацитети и во учеството на креирање на политиката. Способноста на Алијансата сама да се развива под денешните околности лежи во принципите на нејзината креација“, вели Александров.

Денот на НАТО се одбележува во сите земји членки на Алијансата, како и земјите партнери. Следниот сами на НАТО ќе биде во септември.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG