Достапни линкови

logo-print

Во Авганистан, убиена германска фоторепортерка


Германската фоторепортерка Ања Нидрингхаус била убиена, а канадската репортерка Кети Ганон ранета откако денеска врз нив било стрелано во источниот дел на Авганистан. Новинските агенции јавуваат дека тие работеле за агенцијата Асошитед прес и се наоѓале во провинцијата Кост кога биле нападнати од човек облечен во авганистанска полициска униформа и оти репортерката бил во критична состојба. Ања Нидрингхаус беше единствената жена во тимот кој во 2005 ја доби Пулицеровата награда за фотографија за следењето на војната во Ирак.
XS
SM
MD
LG