Достапни линкови

logo-print

Македонија чека на покана за членство во Алијансата, но кризата со Украина може да ја отвори вратата на НАТО за Македонија.

Денот на НАТО денеска ќе биде одбележан во домот на АРМ во Скопје, во организација на Министерството за одбрана и Евроатлантскиот совет на Македонија. На одбележувањето, ќе се обрати министерот за одбрана Талат Џафери, по што ќе се говори за историјата, вредностите и целите на НАТО и за значењето на евроатлантските интеграции за Македонија.
Нема никакво поместување напред, единствената работа која треба да се случи е Македонија да добие покана за членство, ние од поодамна ги исполнивме сите политички и други критериуми, но за жал нема добри најави дека наскоро ќе се случи тоа.


Професор Никола Дујоски од Факултетот за безбедност, вели дека односите меѓу Македонија и Алијансата се непроменети.

„Нема никакво поместување напред, единствената работа која треба да се случи е Македонија да добие покана за членство, ние од поодамна ги исполнивме сите политички и други критериуми, но за жал нема добри најави дека наскоро ќе се случи тоа.“

Поранешниот амбасадор во НАТО, Нано Ружин вели дека Македонија мора најитно да ги заврши преговорите со Грција и да го надмине проблемот со името за да може земјата да влезе во НАТО.
Алијансата е отворена за Република Македонија доколку ги исполни условите со договорот од Букурешт.


„Секако дека ова е за нас многу важно прашање, Алијансата е отворена за Република Македонија доколку ги исполни условите со договорот од Букурешт, односно да се најде прифатливо решение за името со Грција.“

Според Дујоски, односите меѓу Исток и Запад се заладуваат, поради кризата во Украина.

„НАТО е дури и двигател на тоа, распоредувањето на војска на територијата на, условно речено, поранешниот источен блок, макар и само заради вежбовни активности предизвикува поразлично гледање од страна на Русија, којашто исто така распоредува војска на тие граници. Но сега засега ништо немо да се случува, тоа се само политички игри кои се резултат на кризата во Украина.“

Но Ружин смета дека геополитичките параметри можат да ги надминат европските и грчките проблеми во врска во Македонија.

„Можеби тука постои една мала шанса Република Македонија без формално да се закачи околу прашањето на изнаоѓање компромис, бидејќи тоа е еден долг процес, со една успешна дипломатска акција и постојани наши иницијативи кон Брисел и Вашингтон да се направи нешто во смисла на едно побрзо влегување на Македонија во НАТО.“

Дујоски порачува дека Македонија е меѓу водечките земји со учество на своја војска во Алијансата. Денот на НАТО традиционално се одбележува во сите земји-членки на Алијансата, како и во земјите-партнери. Следниот самит на НАТО е во септември во Кардиф, Велс.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG