Достапни линкови

logo-print

Влијанието на претседателските избори врз парламентарните


Ако разликата меѓу кандидатите после првиот круг е 100 илјади гласови во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, тоа ќе ја засили предноста на партијата, а ако Стево Пендаровски успее да ја намали разликата на под 50 илјади гласови, тоа ќе се засили поддршката за СДСМ.

Исходот од првиот круг на претседателските избори ќе влијае и на резултатот на парламентарните избори кои ќе се одржуваат заедно со вториот кргуг на претседателската трка, меѓу другото и поради психолошкиот ефект врз гласачите, велат експертите.
Разликата според нашите проценки во овој момент не е толку голема за да не може албанскиот глас да го реши победникот. Доколку се кандидатите прилично изедначени, тогаш буквално ќе има лов на албански гласови во вториот изборен круг.


Аналитичарот Никола Спасов од агенцијата Рејтинг вели дека гласовите на Албанците ќе одредат кој ќе биде претседател на државата. Тој вели дека според анализите албанскиот електорат е многупонаклонет кон кандидатот Стево Пендаровски, но едно се анализите, а друго е дали тие ќе излезат да гласаат на првиот круг. Додека пак ситуацијата за вториот круг ќе биде поинаква, оти истовремено се и парламентарните избори. Митинг на ДУИ во Гостивар.

Митинг на ДУИ во Гостивар.



„Тогаш буквално сите 240-250 илјади гласачи ќе излезат на гласање и мислам дека тогаш голем дел од нив ќе го земат гласачкото ливче и за претседател, зошто тогаш не може да се контролира, да се следи дали излегле на гласање, бидејќи ќе треба секако да излезат и да гласаат и за партија. Разликата според нашите проценки во овој момент не е толку голема за да не може албанскиот глас да го реши победникот. Доколку се кандидатите прилично изедначени, тогаш буквално ќе има лов на албански гласови во вториот изборен круг и тогаш мислам дека дискурсот во политичките партии ќе се промени токму на сметка на тоа.“
Ако разликата меѓу кандидатите после првиот круг е 100 илјади гласови во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, тоа ќе ја засили предноста на партијата, а ако Стево Пендаровски успее да ја намали разликата на под 50 илјади гласови, тоа ќе се засили поддршката за СДСМ.



Професор Мерсел Биљали вели дека повикот на бојкот од страна на ДУИ не може да биде толку ефикасен и дека еден добар дел од гласачите се подготвени да излезат и да гласаат уште во првиот круг. Познавајќи го менталитетот на албанските партии, Биљали не верува дека тие јасно ќе поддржат некој кандидат во вториот круг.
„Просечниот албански гласач сега не е толку мотивиран за тоа кој од кандидатите ќе биде претседател на државата, туку тој повеќе е свесен дека можеби е клучниот фактор кој ќе допринесе да се смени целокупната ситуација во државата. Така размислуваат околу 90 отсто од Албанците и затоа не случајно самостојно добар број ќе излезат во првиот круг да гласаат.“

Аналитичарот Владимир Божиновски е подиректен во проценките. Тој вели дека исходот од првиот круг на претседателскит избори ќе има одредено влијание и врз парламентарните избори кои се закажани заедно со вториот круг од претседателските.

„Ако разликата меѓу кандидатите после првиот круг е 100 илјади гласови во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, тоа ќе ја засили предноста на партијата, а ако Стево Пендаровски успее да ја намали разликата на под 50 илјади гласови, тоа ќе се засили поддршката за СДСМ. Но не станува збор дека може СДСМ да победи, на овие избори не може, едноставно не се менува тоа преку ноќ, не може да се сменат 100 илјади гласачи за еден месец.“

Додека тече последната недела од кампањата за претседателските избори, утре започнува и кампањата за парламентарните избори.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG