Достапни линкови

Ердоган против одлуката за укинување на забраната на Твитер


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган денеска ја критикуваше одлуката на Уставниот суд за укинување на забраната за пристап на Твитер што тој ја нареди претходно. „Секако дека мора да ја спроведеме одлуката на Уставниот суд, но јас не ја почитувам“, рече тој пред заминувањето во посета на Азербејџан. Според него, таа одлука на суд ги крши, како што изјави, националните вредности на неговата земја. Турската агенција за телекомуникации го блокира Твитер на 20 март по налог на Ердоган поради ширењето снимени телефонски разговори за вмешаноста на владата во корупциски скандал.
XS
SM
MD
LG