Достапни линкови

Турција ја почитува конвенцијата за воени бродови


Турција строго ја почитува конвенцијата од Монтре, што ја ограничува тежината и времетраењето на престојот во Црното Море на воените бродови на нецрноморските држави. Ова го изјави портпаролот на турското министерство за надворешни работи Танжу Билгич како одговор на изјавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Тој претходно рече дека во последно време бродови на американските воени сили на неколку пати го продолжуваат престојот надвор од границите на утврдените рокови.
XS
SM
MD
LG