Достапни линкови

Денот на НАТО во Македонија


Во Домот на АРМ во Скопје, денеска во организација на Министерството за одбрана и Евроатлантскиот совет на Македонија, ќе биде одбележан Денот на НАТО. На одбележувањето, ќе се обрати министерот за одбрана Талат Џафери, по што ќе се говори за историјата, вредностите и целите на НАТО и за значењето на евроатлантските интеграции за Македонија. Денот на НАТО традиционално се одбележува во сите земји-членки на Алијансата, како и во земјите-партнери. На овој ден 1949 година, во Вашингтон 12 земји го потпишаа Договорот со кој се конституира Северноатлантската алијанса.
XS
SM
MD
LG