Достапни линкови

Москва - САД да прифатат дека Крим сега е дел од Русија


Американските креатори на политиката треба да се смират и да прифатат дека Крим сега е дел од Русија, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Ријабков, за новинската агенција Интерфакс. Тој изјави дека САД се „опседнати“ со тоа да стават крај на соработката со Русија. Рускиот политичар им советува на партнерите од САД да се опуштат поминувајќи повеќе време на отворено, да вежбаат јога или да гледаат комедии на телевизија, наместо да користат „детски каприци, солзи и хистерии“, кои нема да им помогнат. САД и ЕУ воведоа санкции за високи руски политичари. Ријабков предупреди дека Москва може да преземе одмазднички чекори, без притоа да наведе детали.
XS
SM
MD
LG