Достапни линкови

Русија со протест до Германија поради споредбата со Хитлер


Русија упати протест до Германија откако германскиот министер за надворешни работи Волфганг Шојбле повлече паралела меѓу руската анексија на Крим и ширењето на Нацистичка Германија на Адолф Хитлер. Зборувајќи пред група студенти во понеделникот, Шојбле рече:

„Таквите методи веќе беа користени од Хитлер во Судетската Област“, зборувајќи за руската анексија на Крим.

Во вчерашното соопштение од руското Министерство за надворешни работи се наведува дека таквите споредби се неприфатливи и се „груба манипулација со историските факти“. Министерството соопшти дека на германскиот амбасадор во Москва му предало официјална жалба во врска со ова прашање. Во едно вчерашно интервју Шојбле изјави дека „не е толку глупав да го споредува Хитлер со кого било“ и додаде дека ако навистина направил грешка, ќе се извини.
XS
SM
MD
LG