Достапни линкови

Aмерикански сенатори бараат ирански дипломат да не добие виза


Иранскиот дипломат Хамид Абуталеби.

Иранскиот дипломат Хамид Абуталеби.

Група американски сенатори го повика американскиот претседател Барак Обама да не дозволи му се издаде виза на иранскиот дипломат Хамид Абуталеби, кој е новиот амбасадор на Техеран во Обединетите нации. Во писмото потпишано од 29 сенатори испратено до Обама се наведува дека Абуталеби бил еден од студентите кои ја презедоа американската амбасада во Техеран во 1979 година и држеа американски дипломати како заложници.

„САД не треба да им доделува влез на поединци кои јавно признаа дека учествувале во еден чин на терор против САД и нејзините граѓани“, се наведува во писмото.

Стејт департментот соопшти дека номинацијата на иранскиот дипломат ќе биде „исклучително вознемирувачка“. Абуталеби изјави дека не бил во Техеран во времето на преземањето, а дека подоцна им бил преведувач на заложниците.
XS
SM
MD
LG