Достапни линкови

Ерменскиот премиер поднесе оставка


Ерменскиот премиер Тигран Саркисијан.

Ерменскиот премиер Тигран Саркисијан.

Ерменскиот премиер Тигран Саркисијан си поднесе оставка, откако Уставниот суд ги прогласи за неуставни пензиските реформи кои беа еден од приоритетите на неговиот кабинет. Саркисијан ја објави својата оставка за време на состанокот на извршното тело на владејачката Републиканска партија. Портпаролот на партијата рече дека оставката на премиерот била прифатена. Уставниот суд времено ги суспендираше контроверзните пензиски реформи донесени во јануари, еден ден откако стапија во сила. Во Ереван илјадници луѓе протестираа против реформите. Според демонстрантите, законот не би им гарантирал на работниците пристојна пензија. Саркисијан беше назначен за премиер во април 2008 година.
XS
SM
MD
LG