Достапни линкови

Расмусен: Русија е таа што ги прекрши сите договори


Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, ги деманатира тврдењата на Русија дека Алијансата ги прекршила меѓусебните договори со зајакнувањето на своите сили во источна Европа, по анексијата на Крим од страна на Русија. Расмусен денеска во Брисел изјави дека Русија е таа што ги прекрши сите принципи и меѓународни ставови што ги имаше. Обвинувањата од Русија се чиста пропаганда и дезинформации, оцени Расмусен. Во меѓувреме, Русија го отповикала својот воен претставник во НАТО, на консултации во Москва. Русија реагира на одлуката на НАТО да ја прекине соработката со неа .
XS
SM
MD
LG