Достапни линкови

logo-print

Во Македонија, нова опасна синтетичка дрога


министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска

министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска

Нов вид исклучително опасна синтетичка дрога по првпат е регистрирана во Македонија. Ова на денешната прес конференција го соопшти министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, додавајќи дека станува збор за дрога која е стимуланс на централниот нервен систем сличен на кокаинот и амфетамините. „Тоа што треба да ги загрижи граѓаните и ризичната популација е фактот што оваа дрога и дополнителните дејства од неа во последните години се причина за смрт на 99 лица во земјите членки на ЕУ“, рече Јанкулоска. Таа појасни дека дрогата е пронајдена во Битола од Одделот за недозволена трговија со дрога.
XS
SM
MD
LG