Достапни линкови

Јанукович го наредил убивањето демонстранти во Киев


Шефот на украинската безбедносна служба Валентин Наливајченко денеска изјави дека убивањето демонстранти за време на протестите во Киев било под директна наредба на отстранетиот претседател Виктор Јанукович. Според него, 26 вработени во Руската федерална служба за безбедност учествувале во планирањето на операцијата на специјалните сили против демонстрантите во Киев. Претходно, денеска беше соопштено дека украинските власти привеле 12 припадници на расформираните специјални полициски сили „Беркут“ под сомневање дека пукале врз демонстрантите.
XS
SM
MD
LG