Достапни линкови

Изборните рејтинзи во сенка на „спиралата на молкот“


Колку Центрите за истражување на јавното мислење креираат политика во Македонија. Ставовите за веродостојноста на анкетите за изборниот рејтинг на кандидатите и партиите се поделени поради, како што се нарекува Феноменот на Спиралата на Молкот. Тоа се оние кои стравуваат да кажат дали и за кого ќе гласаат.

Како се наближуваат изборите, така се подгрева и дебатата за анкетите на јавно мислење. Дали истражувачите на јавното мислење креираат политика? Како ги прават анкетите? Кој ги прави? Дали може да им се верува? Во време на избори имаме секојдневната поплава од анкети, но сепак на крај изборите ќе ги решат гласачите, велат познавачите.
Дури и кога ќе се претпостави дека одреден истражувачки центар професионално си ја врши работата, голем број од населението кажуваат од страв дека нема да гласаат или дека се уште не одлучиле.


Изборните резултати зависат од повеќе варијабли, но за жал повеќе не можеме да сметаме на релевантни изборни анкети вели професор Здравко Савески.

„Дури и кога ќе се претпостави дека одреден истражувачки центар професионално си ја врши работата, голем број од населението кажуваат од страв дека нема да гласаат или дека се уште не одлучиле, во таква ситуација, за жал, сите бројки аналитичарите мора да ги земаат со одредена резерва.“


Политичкиот аналитичар Владимир Божиновски кој е координатор на центарот за истражување на јавното мислење на ИПИС, вели дека многу лесно може да се провери дали има релевантни анкети.

„Проверете ги резултатите на повеќе истражувачки центри, не дека јас сега сакам да го напоменувам истражувачкиот центар во којшто работам, има повеќе истражувачки центри, проверете ги анкетите за изминатите изборни циклуси во 2011, 2009, 2008, 2006 итн и ќе видите дека има истражувачки центри кои точно ги прогнозираат резултатите. Не може анкетите да се нерелевантни.“

Професор Мерсел Биљали пак го наведува примерот со Албанија, кога предизборните анкетите цело време покажувале едно, а изборите донеле друго.

„Во Албанија пред изборите цело време сите сондажи покажуваат дека партијата на Бериша води, но имаше еден процент од 24 отсто што не се изјаснуваа, кажуваа дека ќе излезат на гласање, но не кажуваа за кого ќе гласаат и тие ја одлучија судбината, така што опозицијата дови дво-третинско мнозинство.

Феноменот „спирала на молкот “ е присутен и во нашата земја, односно голем дел од луѓето се плашат јавно да го искажат својот став, па се прикриваат под превезот на неопределени, кога од нив анкетарите ќе побараат изјаснување.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG