Достапни линкови

Ештон: договорот за Косово импулс за Западен Балкан


Шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон

Шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон

Шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон во денешното излагање во Европскиот парламент изрази надеж дека она што било постигнато меѓу Приштина и Белград ќе послужи како инспирација и ќе им даде импулс и на другите во Западен Балкан. „Ќе биде особено важно да и се помогне на Босна и Херцеговина да мине по истиот пат и тоа го пренесов кога престојував во Сараево“, изјави Ештон. Таа најави дека наскоро Европската унија ќе потпише договори за стабилизација и асоцијација со Молдавија и Грузија. „Денес се соочуваме со најтензична и најтешка ситуација во нашето соседство од крајот на Студената војна“, оцени Ештон за кризата во Украина.
XS
SM
MD
LG