Достапни линкови

Лавров бара одговор од НАТО за активностите во Источна Европа


Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека дел од руските сили кои се на границата со Украина ќе бидат вратени во касарните веднаш откако ќе ги завршеле маневрите. Тој додаде дека Москва очекува одговори од НАТО за активностите на Алијансата во Источна Европа. На дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на Алијансата во Брисел беше решено НАТО да ја прекине соработката со Русија. Министрите се согласија и за зацврстување на одбраната на соседните земји на Русија.
XS
SM
MD
LG