Достапни линкови

Венизелос и Бан Ки Мун разговарале за името на Македонија


Грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос вчера во Брисел имал куса средба со генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун на која разговарале и за прашањето за името на Македонија.- Со генералниот секретар на ОН кусо разговаравме за две главни прашања кои се однесуваат на нас: кипарското прашање се разбира, но и за иницијатива на Нимиц во врска со прашањето за името. Позициите на Грција се јасни и цврсти, и генералниот секретар го цени тоа, изјави Венизелос.Како што јавува МИА, средбата меѓу шефот на грчката дипломатија и Бан Ки Мун се одржала на маргините на самитот ЕУ-Африка
XS
SM
MD
LG