Достапни линкови

САД загрижени од изборот на новиот ирански амбасадор во ОН


САД сметаат дека можноста Хамид Aбуталеби да биде именуван за нов ирански пратеник во Обединетите нации е исклучително вознемирувачка. Вашингтон се уште немаат одобрено виза за Aбуталеби кој е обвинет за инволвираност во случувањата во Американската амбасада во 1979 година во Иран и земањето американски дипломати како заложници.
Портпаролката на Стејт департментот Марија Харф изјави дека САД се загрижени во врска со можната номинација на иранската влада.
Aбуталеби кој служел како ирански амбасадор во неколку земји, изјави дека тој бил преведувач на киднаперите и оти не бил вмешан во заземањето на амбасадата.
XS
SM
MD
LG