Достапни линкови

Во пукањето што се случи во воената база Форт Худ во Тексас загинаа четири луѓе, меѓу нив и напаѓачот. Според извештаите, тој по нападот се самоубил.

Генералполковник Марк Милеј од базата Форт Худ соопшти дека во нападот имали и 16 повредени. Според него, се се случило во период од 15 до 20 минути.

„Точниот редослед на настаните и нивното времетраење се уште не се сосема јасни. Се верува дека тој влегол во една од зградите, отворил оган, по што влегол во возило и пукал за време на возењето. Потоа влегол во друга зграда и таму повторно отворил оган, по што бил пресретнат од безбедносните сили во Форт Худ“, изјави Милеј додавајќи дека, напаѓачот се самоубил.

Тој не го соопшти неговото име, но изјави дека станува збор за војник кој во 2011 година четири месеци служел во Ирак.
Се верува дека тој влегол во една од зградите, отворил оган, по што влегол во возило и пукал за време на возењето. Потоа влегол во друга зграда и таму повторно отворил оган, по што бил пресретнат од безбедносните сили во Форт Худ.

Војникот, како што наведе, страдал од депресија и бил на лекарска истрага за да се утврди дали има пост трауматско нарушување.

Се уште не е јасно дали нападот бил со предумисла, но, според претставници на Форт Худ, не бил поврзан со тероризам.

Претседателот Барак Обама изрази жалење за инцидентот и најави целосна истрага.

„Ние сме со скршени срца поради она што повторно ни се случи ова. Не сакам да ги коментирам фактите се додека не дознам што навистна се случило“, рече Обама.

Воената база Форт Худ и во 2009 година беше сцена на сличен инцидент кога беа убиени 13 војници додека 32 други беа ранети.

Нападот го изврши мајор Нидал Хасан кој минатата година беше осуден на смртна казна. Тој изјави дека пукал за да ги заштити талибанците од американските војници во базата кои требало да бидат распоредени во Авганистан.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG