Достапни линкови

Исклучувањето на Села ќе ѝ одземе гласачи на ДПА


Архивска фотографија - Градоначалник на Струга Зиадин Села ја слави изборната победа, 2013.

Архивска фотографија - Градоначалник на Струга Зиадин Села ја слави изборната победа, 2013.

Ислучувањето на градоначалникот на Струга Зијадин Села од ДПА ќе и нанесе штета на партијата. Села беше исклучен поради несогласување со лидерот Мендух Тачи.

ДПА си нанесе штета со ислучувањето на градоначалникот на Струга Зијадин Села од партијата, кој после лидерот Мендух Тачи е најистакнат член, коментираат експертите. Освен Села од партијата исклучен е и претседателот на струшкиот огранок Левдрим Ермази. Причината за таквата одлука на ДПА е поради тоа што лидерот на партијата Мендух Тачи за носител на пратеничката листа во Струга го стави адвокатот Зија Јонузи. Струшкиот огранок не ја прифати одлуката и побара Јонузи да биде тргнат од листата.
Села направи еден имиџ во албанскиот електорат, а неговиот имиџ е добро прифатен и надвор од партијата, така што тоа ќе се одрази и на самите резултати кои ќе ги постигне ДПА.


Политичкиот аналитичар Исмет Рамадани вели дека тоа ќе се одрази врз партијата.

„Села направи еден имиџ во албанскиот електорат, а неговиот имиџ е добро прифатен и надвор од партијата, така што тоа ќе се одрази и на самите резултати кои ќе ги постигне ДПА.“

Иако, според Рамадани тие внатре во партијата подобро ги знаат приликите и состојбите, но однадвор впечатокот ќе биде дека ДПА греши, но зависи и од тоа како понатаму ќе се постави Села. Избори 2014:Митинг на ДПА во Гостивар.

Избори 2014:Митинг на ДПА во Гостивар.


„Како тоа ќе го прифати електоратот, мислам дека Зијадин Села има една поддршка која ќе се одрази на севкупните прилики и во самата кампања, иако тоа зависи и колку тој ќе биде гласен понатаму во тие односи со Мендух Тачи и каков ќе биде расплетот внатре во огранокот и од луѓето што таму се поставени како носители на листата за пратеници во петата изборна единица.“
Тоа е добро затоа што е една порака до т.н. султани во партиите кои мислат дека нивниот збор е прв и последен.


Според него, најлошото е што ДПА ќе потроши од својата кондиција за недоразбирањето, наместо да се фокусира на изборната кампања. Рамадани смета дека спротиставувањето од страна на Села на одлуката на Тачи е позитивно за развојот на политичките партии.

„Тоа е добро затоа што е една порака до т.н. султани во партиите кои мислат дека нивниот збор е прв и последен, ние такви партии за жал имаме во Македонија, дека ако се оди до крај со такво водење на партијата, исклучиво преку еден човек, еден ден ќе се најдат луѓе во пратијата кои користејќи го авторитетот што го стекнуваат занимавајќи се со политика да возвратат.“

ДПА на местото на Села во централното претседателство го постави Јонузи.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG