Достапни линкови

logo-print

Масимов, повторно премиер на Казахстан


Карим Масимов

Карим Масимов

Претседателот на Казахстан Нурсултан Назарбаев го врати на функцијата премиер Карим Масимов, откако Шерик Ахметов неочекувано си поднесе оставка како претседател на владата. Не е соопштена причината за неговата оставка. Наименувањето на Масимов веднаш беше поддржано во парламентот. 49 годишниот Масимов беше 6 години премиер, најдолго во историјата на независен Казахстан, пред да ја напушти функцијата во 2012 година.
XS
SM
MD
LG