Достапни линкови

Јанукович против руската анексија на Крим


Екс претседателот на Украина Виктор Јанукович оценил дека руското превземање на Крим е трагедија. Зброувајки на една телевизија, тој изјавил дека не се согласува со одвојувањето на Крим од Украина и оти, доколку останел претседател, ќе направел се што е во негова моќ за да го спречи тоа. Јанукович додаде дека ќе се обиде да го убеди рускиот претседател Путин за враќање на Крим на Украина. Јанукович оценил и дека претседателските избори во Украина, закажани за 25-ти мај, се нелегални и можат да донесат само проблеми.
XS
SM
MD
LG