Достапни линкови

logo-print

Оланд ја претстави новата влада на Франција


Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска ја претстави новата влада, само неколку дена откако владејачката Социјалистичка партија претрпе тежок пораз на локалните избори. Во новиот кабинет на Оланд е и неговата поранешна партнерка и мајка на неговите 4 деца, Сеголен Ројал, која ќе биде министерка за екологија, енергија и одржлив развој. Нов премиер ќе биде Мануел Валс, кој беше министер за внатрешни работи во претходната влада и познат по тврдите ставови во врска со имиграцијата. Лорен Фабиус останува министер за надворешни работи.
XS
SM
MD
LG