Достапни линкови

logo-print

Русија бара од Украина справување со екстремистите


Русија ја повика Украина да го исполни ветувањето дека ќе ги расформира и разоружа крајно десничарските пара-милитантни групи и ќе им ја гарантира безбедноста на русите во земјата. Руското министертво за надворешни работи искажува загриженост од тоа што украинската влада не ги соопштува јавно плановите за промени во Уставот, кои, според Москва, би можеле да бидат на штета на руската заедница во Украина. Украинскиот парламент вчера им нареди на безбедносните сили да ги разоружаат илегалните вооружени групи и да го затворат седиштето во Киев на крајно десничарската група, Десен Сектор, откако три лица беа повредени во престрелка.
XS
SM
MD
LG