Достапни линкови

logo-print

Власта негува политика на едноумие, не сакаат незгодни прашања, сакаат да отидат кај пропагатори на нивната политика, вели главната и одговорна уредничка на телевизијата Телма, Емилија Лазаревска.

Отсуството на политичка дебата е карактеристика на повеќе изборни циклуси. Најверојатно, како што стојат работите, и оваа кампања ќе помине без директно соочување на кандидатите. Деновиве, главната и одговорна уредничка на телевизијата Телма, Емилија Лазаревска, укажа на постоењето на игнорантскиот однос на гарнитурата на власта кон нивниот медиум. Лазаревска вели дека ВМРО-ДПМНЕ не чувствува потреба да им се обрати на граѓаните и дека повеќе сакаат наместени и со однапред познат исход разговори.
Тие негуваат една таква политика на едноумие, не сакаат незгодни прашања, сакаат да отидат кај свои проверени, не се тоа новинари, тоа се пропагатори на нивната политика и сакаат едноставно да бидат задоволни од самите себе и да се воодушевуваат на сопствената политика.

„Тие негуваат една таква политика на едноумие, не сакаат незгодни прашања, сакаат да отидат кај свои проверени, не се тоа новинари, тоа се пропагатори на нивната политика и сакаат едноставно да бидат задоволни од самите себе и да се воодушевуваат на сопствената политика“, вели Лазаревска.

Таа нагласува дека деветта година владејачката ВМРО-ДПМНЕ не комуницира со оваа телевизија и дополни дека идентично однесување сега им се случило и со кандидатот на ДПА, Илијаз Халими.
Пораката којашто се праќа до гласачите е дека нашиот кандидат е толку добар, а противникот е толку лош што нема потреба да се дебатира со него и дека сè што треба да знаете, ние можеме да ви го кажеме како номинатори на тој кандидат.

Експертите изразуваат загриженост поради отсуството на ТВ-дуели со претседателските кандидати и повикуваат да се стави крај на нерамноправниот пристап до информации на медиумскиот пазар. Последиците ќе бидат негативни од аспект на тоа што создаваат неинформирано граѓанство кое не може да стекне попродлабочен увид во политичката реалност, коментира комуникологот Марко Трошановски. Според него, желбата за контрола врз пораката што се испраќа е главниот мотив за отсуството на политичка дебата.

„Пораката којашто се праќа до гласачите е дека нашиот кандидат е толку добар, а противникот е толку лош што нема потреба да се дебатира со него и дека сè што треба да знаете, ние можеме да ви го кажеме како номинатори на тој кандидат“, вели Трошановски.

И покрај ова искуство на некои од медиумите за игнорантскиот однос на власта, комуниколозите сепак засега сè уште не се убедени дека кампањата ќе помине без директно соочување на претседателските кандидати.

„Дека не сака да оди кандидатот, тоа не знаеме сè уште, тоа е претпоставка, нема официјална изјава во врска со тоа“, вели тој.

Меѓутоа Трошановски се сомнева во врска со постоење на нерамноправен пристап до информации на медиумскиот пазар со оглед на отсуството на кандидатот на опозицијата Стево Пендаровски на провладините медиуми.

„Со оглед на тоа што нема политичка дебата на ниеден медиум, мислам дека тој нема пристап, а дали политичката кампања е доволно застапена на тие медиуми, немам правено некоја анализа“, вели Трошановски.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG